На 19 и 20 октовмри 2024 година, во Белград се одржа Belgrade open – Meѓународен натпревар за решавање на рубикова коцка. Натпреварот е организиран од World Cube Association. Учествуваа вкупно 62 натпреварувачи, од 7 земји: Србија, Русија, Македонија, Германија, Хрвтска, Украина и Кина. На натпреварот учествуваше и ученикот Давид Арнаудов, ученик од l-1 од МИГ. Натпреварот се состоеше од повеќе дисциплини меѓу кои: 4x4x4 (поголема рубикова коцка) на која ученикот Давид Аранудов освои 6 место; pyraminx (коцка во вид на пирамида); за која Арнаудов освои 10 место и најважната дисциплина – 3x3x3 (стандардна рубикова коцка) за која дисциплина Давид освои бронза. Со сите овие награди, Давид Арнаудов, ученик во МИГ се рангираше меѓу петте најдобри во Македонија.