Најголемата потврда за квалитетот на државното средно училиште Математичко-информатичката гимназија е успехот на учениците кои го започнаа својот пат токму во нашето училиште. Благодарение на современите и напредни наставни програми, МИГ создава цврста основа што им овозможува на учениците сигурно да чекорат кон врвно образование и меѓународен успех. Знаењето кое го нуди нашата гимназија, не носи само награди, туку искуство кое помага полесно да се гради иднината.
Емилија Николова и Алтин Јусуфи, дел од првата генерација ученици на МИГ, во своето видео-интервју ги споделуваат искуствата од студирањето во странство и сведочат колку знаењето стекнато во гимназијата им помага успешно да ги совладуваат студиите и испитите и да бидат најдобри и таму, како што беа и тука.
Погледнете ги видеата и уверете се зошто МИГ е вистинскиот избор за новите генерации.




