Ивано Божиновски е ученик во прва година во Математичко информатичката гимназија (МИГ). Оваа училиште постои четири години, а Божиновски како голем вљубеник во математиката, минатата година кога разгледувал каде да го продолжи образованието преку социјалните мрежи дознал за оваа гимназија.
– Уште во основно знаев дека сакам да продолжам ја изучувам математиката и информатиката подетално. Затоа кога дознав за оваа гимназија (МИГ), преку Фејсбук групи веднаш знаев дека сакам да се запишам таму. Првично моите родители се мислеа дали е добра опција, бидејќи е ново училиште, но откако направивме истражување и се распрашавме кај неколку професори сфативме дека сите деца кои сакаат математика, информатика и физика треба да се запишат тука. Сега веќе и од лично искуство можам да го потврдам тоа дека не сум погрешил со изборот. Претпоставувам дека можам да кажам овде добивам врвна поддршка и помош од целата држава – вели Божиновски за „Слободен печат“.
Приемниот испит воопшто не бил тежок и ги охрабрува сите кои се размислуваат да се обидат.
– За мене воопшто не беше тешко. Приемниот состои од тест по математика и тест по физика. Тоа што одев претходно по натпревари ми помогна многу во подготовката за овие тестови. На секој ученик кој изразува љубов кон овие предмети верувам дека ќе му биде лесно. Тестовите се една формалност – рече Божиновски.
Извор: slobodenpecat.mk