По одржаниот Селекционен натпревар (3.09.2021) за учество на Третата Балканска олимпијада по физика која ќе се одржи на 25 септември во Софија, Бугарија, ДФРМ има чест да го соопшти тимот кој ќе ја претставува Македонија на овој настан. Тоа се учениците:
Емилија Николовска, ученичка во втора година во „Математичко – информатичка гимназија “ – Скопје,
Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје,
Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци,
Сандра Недановска, ученик во трета година во ПСУ „ Јахја Кемал“ – Скопје
Известување од Друштво на физичарите на Република Македонија
Повеќе информации на следниот линк http://upb.phys.uni-sofia.bg/projects/BPO3/index_en.html