На 05.03.2026, по повод Меѓународниот ден на жената, на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа настан посветен на промоција на женското лидерство и зајакнување на улогата на младите жени во општеството.

На настанот присуствуваа Елхаме Сопа Садики – стручен соработник и Беса Имери – професорка, заедно со ученичките од нашето училиште: Емили Андреска, Сара Кочовска, Сара Идризи и Едина Илјази, кои имаа можност да учествуваат на дијалог со претставници од институции, универзитетски професори, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни организации.

Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Обединетите нации во Северна Македонија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Главната цел беше да се поттикне учеството на младите жени во лидерските процеси, да се отворат важни прашања поврзани со родовата еднаквост и да се споделат искуства од жени лидери.

Преку учеството на овој настан, учениците имаа можност да слушнат инспиративни пораки, да разменат мислења и да се запознаат со важноста на активното учество на младите жени во општеството. Ваквите активности придонесуваат за развој на лидерските способности, самодовербата и општествената одговорност кај младите.

Нашето училиште продолжува да ги поддржува иницијативите кои придонесуваат за еднакви можности, активно учество на младите и развој на нивните потенцијали во општеството. 🌸