Нашата библиотека ја посетија учениците од прва година од Математичко-информатичка гимназија (МИГ), наши редовни читатели 📖
Во Конференциската сала на нашиот централен објект, како дел од часовите по македонски јазик, го гледаа филмот „Светите Кирил и Методиј – словенски апостоли“ (чешко-германска продукција) 📽
Ѝ благодариме на професорката Дијана Петрова/ Dijana Petrova која несебично ја споделува љубовта кон Книгата и Библиотеката со своите ученици 📚
МИГ е училиште што редовно ги користи поволностите за групно членство 🪧
Драги ученици, ви благодариме за љубопитноста и креативноста со кои го обоивте денот ✍️