На 14.11 учениците од трета година одржаа час по македонски и англиски јазик во царството на книгите. Имено, учениците рецитираа стихови од Кочо Рацин во спомен собата ,,Т’га за југ” во библиотеката ,,Браќа Миладиновци” и оддадоа почит кон неговите живот и дело, значење и улога во современата македонска поезија. По рецитирањето, учениците го посетија одделот за странска литература каде се запознаа со американската и британската книжевност.