На 25.05.2023 година во просториите на МИГ се одржа едукативна работилница за програмирање на која присуствуваа 20 ученици од неколку основни училишта од Скопје. Работилницата ја реализираа учениците од првата генерација на МИГ. Учесниците се запознаа со основите на програмирањето, успешно ги решија поставените задачи и се стекнаа со сертификат за учество.