Нашето учелиште беше избрано за учество во проект за процес на трансформација со фокус на ментално здравје и благосостојба кој ќе го реализира здружението „Младите можат“ во текот на учебната 2024-2025 година. Првиот дел се реализираше на 18-19 ноември како обука за наставен кадар. Дел од професорите од МИГ учествуваа на обуката и беа дел од значаен процес на трансформација која со задоволство ќе ја пренесат на учениците.