Честитки за ученичките од прва година во Математичко-Инфоматичката Гимназија, Ивона Зикова и Емилија Николовска, кои под менторство на Слаѓан Станковиќ, Стефан Лозановски и Методија Јанчески освоија бронзени медали на Вториот меморијален натпревар „Александар Блажевски – Цане“, организиран од Сојузот на Математичари на Македонија. Задачите кои ги решаваа може да ги погледнете овде, а конечните резултати се достапни овде.

Согласно постигнатите резултати на овој квалификационен натпревар, натпреварувачкиот дел од македонската репрезентација на овогодинешната Европска женска математичка олимпијада (EGMO 2021) ќе го сочинуваат:

  • MKD 1 Марија Атанасова
  • MKD 2 Ивона Зикова
  • MKD 3 Јасна Илиева
  • MKD 4 Емилија Николовска

Им посакуваме уште многу успеси во иднина!