УНИБанка АД Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука, овозможи донација за нашите ученици од Математичко-информатичката гимназија. Донираната ИКТ-опрема е набавена со конфигурации согласно потребите на наставната програма, за кои има 50 персонални компјутери и 50 монитори од марката DELL.

Со оваа донација им се овозможуваат одлични услови за работа на нашите ученици, подобрување на работната атмосфера за уште поголемо остварување и поквалитетно реализирање на наставните планови и програми. Донираната опрема е од највисока класа и ќе биде искористена во т.н. Лабораторија за стекнување знаења и вештини во областа на математика, информатика и физика.

На свеченоста посебно обраќање кон присутните имаа министерката за образование и наука Мила Царовска, директорката Јулија Гајдаџиева, и извршниот директор на УНИБанка, Владислав Хаџидинев, кој изјави: „Донацијата на Банката им дава на учениците можност да учат, растат и да стекнат практично искуство со најсовремена опрема што претставува бран на иднината во технологијата.“