Се известуваат сите матуранти дека екстерните испити од Државната матура во јунскиот испитен рок ќе се одржат според следниот распоред:
06.06.2026 (сабота), во 09:00 часот
• Англиски јазик линк
• Математика линк
11.06.2026 (четврток), во 09:00 часот
• Македонски јазик и литература
• Албански јазик и литература
Сите ученици треба да бидат пред Технолошкиот факултет во 08:00 часот.
Ќе бидат објавени списоците на учениците за екстерните испити, заедно со броевите на определените места за седење.
Учениците треба да носат со себе:
• Лична карта или друг важечки документ за идентификација;
• Две сини пенкала (употребата на сино пенкало е задолжителна);
• Потребните материјали за испитот по Математика, како линијар, шестар и други дозволени помагала по потреба.
Директорот и наставниот кадар на училиштето ви посакуваат многу успех на испитите!

