Во рамки на часовите по физика учениците од Математичко-информатичката гимназија изведуваа низа интересни експерименти со цел целосно и на практичен начин да ги разберат природните закони.
Учениците од I-1 демонстрираа рамномерно ,променливо и забрзано движење,покажувајќи ги на дело основните закони на механиката.
Учениците од II-1 изведуваа експеримент со математичко нишало преку кои го проучуваа периодот на нишање и зависноста од должината на нишалото.

Учениците од III-1 составуваа електрични кола,сериска и паралелна врска кај отпорници.
Со овие експерименти учениците покажаа голема љубопитност,посветеност и тимски дух.Практичната работа им помогна да ја поврзат теоријата со реалноста, и да ја доживеат физиката на еден поинаков повозбудлив начин.