По повод 22 Септември – Светскиот ден без автомобили, во нашето училиште беше реализирана едукативна и освестувачка активност, во рамките на која учениците од II-2 година ги презентираа своите изработки посветени на заштитата на животната средина, намалувањето на загадувањето и промовирањето на алтернативни начини на транспорт.
Активноста беше реализирана под раководство и во организација на професорката Беса Имери, со активно учество на учениците од II-2 година.
Преку оваа активност се имаше за цел подигање на свеста за значењето на почиста, поздрава и поодржлива животна средина.
Им се заблагодаруваме на професорката Беса Имери и учениците од II-2 година за нивниот ангажман и придонес.






