Од 24 септември до 2 октомври 2021 се одржа Третата Балканска Олимпијада по физика организирана од Балканската унија на физичари и Бугарското друштво на физичари. Поради Ковид пандемијата олимпијадата се одржа на далечина, а локални организатори беа Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На оваа олимпијада учество зедоа 57 ученици од Македонија, Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Романија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Туркменистан, Казахстан и Иран.
На оваа олимпијада сите ученици кои ја преставуваа Македонија се закитија со медали:
Сребрени медали:
Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје,
Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци,
Бронзени медали:
Емилија Николовска, ученичка во втора година во „Математичко – информатичка гимназија “ – Скопје,
Сандра Недановска, ученик во трета година во ПСУ „ Јахја Кемал“ – Скопје,
Ваквиот резултат претставува најголем успех на ученици од Македонија и на ДФРМ на една олимпијада по физика.
Голема благодарност до сите кои ја следат и подржуваат нашата работа со младите таленти од Македонија и на сите членови на Институтот за физика и ДФРМ кои изминативе години потрошија значителен дел од своето слободно време вложувајќи во подготовката на учениците и промоцијата на физиката во основните и средните училишта.
Водачи на тимот на Третата Балканска Олимпијада беа м-р асс. Христијан Кочанковски – лидер и проф. д-р Ламбе Барандовски – заменик лидер.
Преземено од Друштво на физичарите на Република Македонија