На 16.11. 2023 учениците од МИГ, заедно со класните раководители ја посетија мегалитската опсерваторија Кокино. Еднодневната екскурзија проследена со убаво, сончево време беше со цел учениците да се запознаат со историјата на Кокино и неговото значење во минатото и денес.