Математичката олимпијада, која е традиционален меморијален натпревар “Александар Блажевски – Цане”,  беше одржана на 15  и  16.01.2022 година на ПМФ во Скопје во организација на Сојузот на математичарите на Македонија.
Нашето училиште учествуваше со 4 ученика.
1. Сара Тошевска во категорија јуниори, која оствари најдобри резултати на олимпијадата за јуниори и се закити со ЗЛАТЕН медал.
2. Емилија Николовска во категорија сениори, освои СРЕБРЕН медал.
3. Ивона Зикова во категорија сениори, освои БРОНЗЕН медал.
4. Мартин Тошевски – учество.
Со својот одличен успех, Емилија и Ивона влегоа во четиричлената репрезентација на Македонија која од 06 – 12 април 2022 година ќе ги брани боите на нашата земја на Европската Женска Математичка Олимпијада ЕГМО 2022.
Домаќин на ЕГМО 2022 е Унгарија.
Упатуваме срдечни честитки до нашите ученици и нивните ментори и им посакуваме успешна натпреварувачка година.