Почнувајќи на 16.05.2023 година и во следните две недели во Математичко-информатичката гимназија во Скопје се одржува работилница по роботика за учениците од втора година од гимназијата. Работилницата следува после низата воведни предавања за роботика од професорот по информатика, м-р. Влатко Спасев. Учениците се поделени во тимови и на располагање имаат исти ресурси. Преку дизајнирање на надворешноста на роботот и програмирање на неговото однесување, учениците имаат можност да ја искажат својата креативност. Нивната задача е изработка на робот за мапирање на просторот и брзо решавање на лавиринт. Во финалето на работилницата, ќе победи тимот чиј што робот најбрзо ќе го реши лавиринтот.